Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
„Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. Вчера беше оформен предметот, рано е да се каже дали и кое кривично дело е во прашање“, изјавила обвинителката Вилма Русковска за ТВ 24.