Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека случајот „Рекет“ фрлил голема сенка во судството и обвинителството.

„Фрли голема сенка и врз судството, особено врз обвинителството, без разлика што поранешното Специјално јавно обвинителство беше издвоено од јавното обвинителство на Македонија, како посебен субјект, а особено негативно се одрази врз сите обвинители и обвинителства воопшто“, порача Рускоска.