Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена дала исказ за случајот со бегството на поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков. Русковска информацијата ја соопшти денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77, пренесува Плусинфо.
„Jaс знам дека колешката Ленче Ристовска ја води истрагата за бегството на Сашо Мијалков и во четвртокот земаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода Сашо Мијалков. Така да за повеќе информации во врска со тоа ќе треба да се обратите кај нејзе“, вели Русковска.