Шефицата на Обвинителството  за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за случајот со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Како што додаде таа, тој што си ја работи чесно не треба да се плаши од било која функција.

Предистрагата траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пресметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра“, истакна Русковска.