– Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка, па потоа ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција – изјави обвинителката Вилна Русковска за телевизија Алфа за аферата „Мафија“, која ја отвори ВМРО-ДПМНЕ, а во која наводно балкански наркобосови добивале македонски документи.
Инаку, како што објавија вчера поголем број на медиуми, а повикувајќи се на документи кои наводно ги доставил „свиркач“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, двајца балкански наркобосови имале македонски документи.
ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер, кој до неодамна бил во државата, но повторно влегол и добил македонска лична карта.