Тендерската документација за изградба на модуларните ковид-болници беше побарана од Министерството за труд и социјална политика и од Бирото за јавни набавки и е пристигната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, информираше денеска шефицата на Обвинителството, Вилма Русковска.
Според Русковска, од утрово е почната првичната истрага, а Обвинителството е надлежно само за делот на јавната набавка и и дали се почитувани процедурите.
-Модуларните болници се направени согласност таа техничка документација на Светска банка, изјави Русковска.
Порача дека се работи за истрага за начинот на кој се спроведувала набавката, а не за причините за избивањето на пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.
Во врска со тоа дали имаат информации кој го направил техничкиот прием, Русковска повтори дека немаат информации за тоа, а техничката спецификација, како што информира, ја добиле на англиски јазик и веднаш ја скенирале и по мејл ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат експертите од Германија да се запознаат со истата.
.