Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во изјава за медиумите посочи дека повторно се кандидирала за истата функција.
„Да, вчера ја поднесов пријавата. Очекувам апсолутно колегите да ме поддржат и да гласаат за мене“, вели Русковска.
Инаку, Рускоска попладнево беше повикана да даде исказ пред обвинител во ОЈО Скопје по поднесената кривична пријава против неа од екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми.
По исказот, таа вели дека повикана била како осомничена, но обвини дека ова е само притисок врз неа и други обвинители, за како што вели, да внимаваат против кого поведуваат постапки.
Муареми поднесе кривична пријава против Русковска откако ОЈОГОКК отвори истрага против него, и изврши претрес на работните простории на директорот. Според ОЈОГОКК, Муареми беше под истрага поради основано сомневање дека во неколку наврати ја злоупотребил својата функција да врши уцени на бизнисмени под закана дека ако не ги исполнат неговите барања ќе им отвори финансова истрага.






















