Јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Рускоска вели дека соработката со колегите од Бугарија се одвива на едно високо професионално ниво во истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 45 наши сограѓани. Како што вели таа се уште не е готов комплетниот извештај, но сепак според првичните детали вели дека иако нафтата тешко се пали можно е искрите кои се јавиле од ударот, а потоа ги запалиле резервоарите за гориво кои се наоѓаат напред да биле причина за брзио пожар.
-Не се готови сите вештачења и анализи на колегите од Бугарија, и не би можела да шпекулирам. Нафтата многу тешко се пали, но можно е да имало многу искри. Најпрво удира од десната страна, каде што има седум или девет столпчиња метални, удира во левата банкина, па повторно во десна, и после завршува во левата банкина, и тука се сигурно многу искри, можеби да е и тоа причината, изјави Рускоска во гостувањето на Утрински Брифинг.
Рускоска додава дека целата истрага се води во Бугарија, меѓутоа во Основото јавно обвинителство во Скопје се води предистражна постапка, меѓутоа истрага не се води за причините за несреќата, туку за она што јавноста со право реагираше како е можно е над 100 пати да излезе автобусот надвор без лиценца за меѓународен превоз.