Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја“ ќе остане во притвор, бидејќи Обвинителството смета дека доколку излезе, веднаш ќе се даде во бегство.
-Јас имам право да го кажам своето мислење, но последниот збор го има колегата или колешката, која што го води случајот, вели Рускоска, која притоа додава дека одбраната на Орце Камчев го исполитизирала случајот со тоа што донела поранешен еврокомесар за да го посетува во притвор, изајви обвинителката Вилма Рускоска, во гостувањето во Утрински брифинг.
Обвинителството воедно не ја прифаќа гаранцијата на Камчев и неговите адвокати да се брани од слобода, бидејќи имало индиции дека ќе се даде во бегство.
-Јас кога разговарав со колешката, кога одбраната најави и готовина гранција и во недвижен имот, разговаравме кое е нејзиното мислење, таа рече дека е апсолутно сигурна дека кога би се пуштил од притвор, апсолутно би избегал, вели Рускоска.
Во однос на случаите во кои е обвинет поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, обвинителската рече дека и за него има индиции за бегство.
-Имаме првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци. Има предмети во кои е обвинет и се во завршна фаза. Замислите ако биде прогласен за виновен по половина од тие предмети. Мој впечаток кога би добил уште некој пресуда, би побегнал, нагласи Русковска.