Од Турција тргнале 4 автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг, објави Телма.
Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел.
Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс“ кој бил еден до возачите на вториот автобус, а со себе го водел и семејството во Турција.
Беким Хаџиу е распитан заедно со уште осуммина лица поврзани со фирмата и работењето на Беса Транс, документација која македонските истражители ја испорачаа на колегите од Бугарија.