Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска тврди дека фамозната белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не била „крунски доказ“ обвинетиот Јордан Камчев да добие притвор, пренесува Плусинфо.
– Тој документ не беше воопшто во доказна постапка. Тоа беше меѓу другите услови кои колешката ги има наведено за определување на притвор. Не беше едиствено таа белешка, според тоа, како што ми е пренесено од колешката, јас сега не го знам предметот, но и други основи има. Така што, тоа не е доказ во постапката. Тој документ нема потреба да се користи понатаму. Тоа не е доказ за кривичното дело – изјавила Рускоска за Слободен печат.