Руските вооружени сили уништија повеќе од 1.500 воени цели од почетокот на специјалната воена операција во Украина, вклучувајќи 13 борбени авиони и 47 беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„За време на досегашните воени операции, уништени се 1.533 воени цели “, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.
Конашенков објасни дека на земја биле погодени 47 воени авиони, додека во воздух биле соборени уште 13 авиони и 47 беспилотни летала и дека 484 тенкови и други борбени оклопни возила.
Претходно, официјални лица од одбраната на Русија соопштија дека „речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина“.
„Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“, тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела.