Птичји грип е откриен кај седум работници на живинарска фарма на југ на Русија, изјави директорката на Агенцијата за заштита на здравјето на потрошувачите „Роспотребнадзор“, Ана Попова.
Според неа, тоа се првите случаи на пренесување на вирусот на птичјиот грип од живина на луѓе, но засега нема знаци на пренесување на вирусот меѓу луѓе.
Попова додаде дека Русија ја известила Светската здравствена организација за појавата на тој вирус.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.