Најавената количина руски вакцини пристигна на скопскиот аеродром. Станува збор за прва испорака од 3.000 дози од вакцината „Спутник Ве“, од вкупно договорената количина од 200.000 дози.
На аеродромот се присутни министерот за здравство, Венко Филипче и амбасадорот на Руската федерација во земјава, Сергеј Баздникин.