Според тамошните украинските медиуми, руските војници влегле во областа Оболон, предградие на Киев и таму моментално се водат борби.
Украинските власти ги повикаа луѓето да останат во своите домови и да подготвуваат молотови коктели. Оваа област се наоѓа на 10 километри од центарот на Киев.
❗️увага
На Оболоні ворожа ДРГ.
Просимо громадян повідомляти про пересування техніки!
Виготовляти коктейлі «Молотова», знешкоджувати окупанта!
Мирним мешканцям – бути обережними! Не покидати оселі!— Defence of Ukraine (@DefenceU) February 25, 2022
Украинската армија соопшти дека вооружените сили биле ангажирани во борбите во предградијата на главниот град Киев во Дијмер и Иванкив, каде напредувале голем број руски оклопни возила. Во соопштението на официјалниот Твитер профил на украинските вооружени сили се вели дека силите „продолжуваат да даваат отпор“ на руските сили северозападно од главниот град.
Во постот се истакнува дека војниците го уништиле мостот на границата на реката Тетерив за да спречат понатамошно напредување на руските сили. Војниците сè уште држат аеродроми на периферијата на градот.
Оболонь pic.twitter.com/24JiKGx0yO
— Алчевськ UA🇺🇦 (@AlchevskUA) February 25, 2022