Уште кога дојде во Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се поврзува со други клубови, а тогаш се коментираше дека германскиот тим е само отскочна даска. Многумина веруваат дека Норвежанецот на лето ќе направи голем трансфер, кој и досега според она што го покажа има имперсивна кариера.
Борусија Дортмунд го купи за 20 милиони евра од Салцбург, но 20-годишниот напаѓач во првата сезона за овој тим постигна 27 голови на 25 мечеви, од кои 17 во Бундеслигата, а осум во Лигата на шампионите. Има и седум асистенции.
Бројките се за пофалба, но и за голема сума на пари. Па, така кој сака да го купи,ќе мора да издвои мало богатство.
Еден од клубовите кој „лудува“ по овој играч е Челзи. Според германски „Билд“ рускиот тајкун Роман Абрамович, сопственик на англискиот тим, дал зелено светло за ангажман на Халанд. Челзи ќе има 200 милиони евра за засилувања, а колку од оваа сума ќе оди на Халанд останува да се види кога ќе почнат преговорите.
Има и клаузула според која Норвежанецот може да замине од Борусија Дортмунд во 2022-та година за „само“ 50 милиони евра.