
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, повика на прекин на огнот во Украина за време на периодот на православниот Божиќ, кој се прaзнува на 6 и 7 јануари.
Патријархот Кирил во писмена изјава повика на прекин на огнот во Украина за време на православниот Божиќ.
Тој изјави дека примирјето треба да се спроведе од 6 јануари напладне до 7 јануари вечерта за православните да присуствуваат на црковните миси.