PORTO, PORTUGAL - MAY 29: Roman Abramovich, owner of Chelsea smiles following his team's victory during the UEFA Champions League Final between Manchester City and Chelsea FC at Estadio do Dragao on May 29, 2021 in Porto, Portugal. (Photo by Alexander Hassenstein - UEFA/UEFA via Getty Images)

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович преку соопштение објавено на клупскиот сајт се огласи и ја потврди одлуката дека го продава Челзи. Како што вели тој, со оваа постапка нема да се брза, туку ќе се разгледаат најдобрите можни одлуки. Воедно изјави дека им наредил на луѓето во клубот да основаат хуманитарна организација преку која сите нето пари од продажбата на клубот ќе одат за помош на жртвтите од  војната во Украина.

-Продажбата на клубот нема да се одвива брзо, туку ќе следи соодветна процедура. Нема да барам да се вратат никакви заеми. Ова никогаш не било за бизнис или пари за мене, туку за чиста страст за играта и клубот. Дополнително, му наложив на мојот тим да основа добротворна фондација каде што ќе се донираат сите нето приходи од продажбата. Фондацијата ќе биде во корист на сите жртви на војната во Украина. Ова вклучува обезбедување на критични средства за итните и непосредни потреби на жртвите, како и поддршка на долгорочната работа на закрепнување.

Ве молиме знајте дека ова беше неверојатно тешка одлука за носење и ме боли што се разделувам со клубот на овој начин. Сепак, верувам дека ова е во најдобар интерес на клубот.

Се надевам дека ќе можам да го посетам Стемфорд Бриџ за последен пат за да се збогувам со сите вас лично. Беше животна привилегија да се биде дел од ФК Челзи и горд сум на сите наши заеднички достигнувања. Фудбалскиот клуб Челзи и неговите поддржувачи секогаш ќе бидат во моето срце, се вели во соопштението на Роман Амбрамович објавено на сајтот на Челзи.

Како што е познато, Амбрамович му беше одземена британската виза и му беше наложено да ја напушти Велика Британија како дел од санкциите воведени на Русија и руските олигарски поради руската инвазија врз Украина. Абрамович се смета за близок човек со Путин.