Рускиот амбасадорот Сергеј Бездникин не сака да коментира поради кои причини МНР му врачи нота за протерување на рускиот дипломат. Тој за Сител вели дека одговорот лежи на другата страна и објаснува дека тие не се повикани да даваат објаснување туку македонското МНР, пренесува Плусинфо.
По најавата од амбасадата дека Русија ќе возврати со реципрочни мерки не откривајќи какви, амбасадорот Бездникин тврди дека тоа нема да влијае на пратката од 200.000 вакцини Спутник кои треба да пристигнат во земјава.
Од Москва потврдуваат дека подготвуваат одговор за Македонија и потегот го сметаат за несоодветен во диполоматските односи. Сергеј Цеков член на Комитетот за меѓународни работи на Советот на Руската федерација во интервју за Раша Тудеј истакна дека Скопје не ги цени односите со Русија а протерувањето дипломати од некаков вид солидарност го смета за чуден феномен во дипломатијата.