Амбасадорот на Русија во Северна Македонија, Сергеј Бездникин, без да прецизира конкретен датум, денеска рече дека очекувањата се наскоро да пристигнат нови пратки на вакцината против Ковид-19 „Спутник В“.
Тој вели дека руската страна се придржува до договорот, но испораката зависи од производствените можности на рускиот Фонд за директни инвестиции.
„Руската страна строго се придржува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на вакцините во рокот утврден со договорот. Меѓутоа, распоредот за испорака не е предвиден со договорот и се формира во зависност од производствените можности на руската страна. Сепак, амбасадата е во постојан контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции околу организација на испораката на вакцини. Се надеваме дека во блиска иднина ќе стигнат нови пратки на „Спутник В“, рече Бездникин во обраќањето на Меѓународниот аеродром Скопје каде попладнево почна да функционира првата директна авиолинија на релација Москва-Скопје.
(Целиот материјал прочитајте го на 360 степени.)