Бунтовниците во источна Украина поддржани од Русија ги обвинија владините сили на Киев дека користат минофрлачи за да ја нападнат нивната територија, прекршувајќи ги договорите за ставање крај на конфликтот.
Украина ги отфрли обвинувањата. Официјален претставник на операцијата на здружените сили на Украина соопшти дека врз нивните војници било пукано, но не возвратиле.
Украинската војска тврди дека е погодена градинка во Станисија Луханска откако бунтовниците употребиле тешка артилерија.
Според војската, половина од градот сега е без електрична енергија откако е оштетена неговата комунална инфраструктура.
Video from site of kindergarten shelling this morning. The kindergarten was on ukrainian controlled territory — so it clearly was not the ukr side doing the firing. pic.twitter.com/9YSkZrTfxU
— Oliver Carroll (@olliecarroll) February 17, 2022