Украина се наоѓа во  415-тиот ден од војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Руски проектили во петокот погодија станбени згради во источниот украински град Словјанск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во текот на изминатата недела „ниту еден час не поминал без руски убиства и терор“, пренесува ДВ.

Ова е зла држава и ќе загуби. Да победиме е наша должност кон човештвото. И ние ќе победиме“, рече Зеленски, во неговото обраќање по бруталниот напад.

Според украински извори, загинале најмалку девет лица, меѓу кои и двегодишно дете, а повеќе од 20 се повредени.

Во нападот беа погодени неколку куќи и високи згради.

Павло Кириленко, гувернер на регионот Доњецк, рече дека „не помалку од седум точки [биле] погодени“ во Словјанск, западно од Бахмут, центарот на најтешките борби во војната.

Словјанск и блискиот град Краматорск се посакувани од руските сили, кои моментално се заглавени во блискиот Бахмут, додека тие продолжуваат со нивната инвазија на Украина.

И украинската амбасадорка во Северна Македонија Лариса Дир, во објава на Твитер, ја опиша состојбата во Словјанск.