Поради силниот отпор на Украина, советниците на Путин се наоѓаат на раб, војната се претвори во дебакл за Русија, бидејќи руските војници се соочија со посилен отпор одошто очекуваа. Ова за „Њујорк тајмс“ го изјави рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов.
Солдатов нагласува дека „руските воени неуспеси во едномесечната војна со Украина почнаа да ги откриваат „пукнатините“ во руското водство“, пренесува „Бизнис инсајдер“.
„Дефинитивно може да кажеме дека ништо не оди по планот. Советската и руската војска со децении не доживеале така големи загуби за така краток временски период“, вели Павел Лузин, руски воен аналитичар, за „Тајмс“. Поради тоа, Владимир Путин, наводно, почнал да го „чисти“ кругот на свои блиски луѓе.