Руски војник загина во петокот во текот на деминирање во близина на градот Шуша во Нагорно – Карабах, соопшти руското министерство за одбрана.

-Во текот на деминирањето на пат близу населба во Шуша експлозивна направа е детонирана. Како последица на тоа руски војник од единицата за деминирање се здобил со смртни повреди, соопштуа миниството за одбрана, а пренесува ТАСС.

Руските војници се распоредени во Нагорно – Карабах и го спроведуваат мировниот договор кој со посредство на Русија го потпишаа завојуваните соседи Ерменија и Азербејџан на 9 ноември годинава.