Амбасадорот на Русија во БиХ, Игор Калабухов вечерва гостуваше на босанската Фејс ТВ, каде зборуваше околу плановите на БиХ за членство во НАТО.
– Нас не ни пречи да влезете во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Вие одлучувате. Тоа е како маѓепсан круг, веќе кажав… Да претпоставиме, на пример: БиХ станала членка на НАТО и Брисел одлучи да стави нуклеарни проектили насочени кон Москва. Ние ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа јас мислам дека излезот мора да биде европски систем, а не НАТО, истакна Калабухов.
На прашањето зошто на Русија „не и пречат“ околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори: „Како вие знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“
– Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме, изјави рускиот амбасадор на прашањето на водителот „дали имате планови против Хрватска“.