Руската полиција апси демонстранти на истокот од земјата кои бараат ослободување од затвор на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.

Масовни митинзи, кои не се одобрени од владата, се очекуваат подоцна во текот на денов во Москва и во другите поголеми градови, пренесува АП.

– Advertisement –

Невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 лица се приведени во повеќе градови, вклучувајќи ги Владивосток и Хабаровск, а организаторите на демонстрациите во Владивосток соопштија дека на протест излегле околу 3.000 луѓе.

Навални, кој е најистакнат политички противник на претседателот Владимир Путин, беше уапсен на аеродром во Москва, на 17 јануари, кога се врати од Германија, каде помина пет месеци опоравувајќи се од сериозно труење со нервен агенс, за кое го обвинува Кремљ.

Прикажи повеќе