Руската дипломатија започна нов подмолен напад против Бугарија од Скопје. По повод 24 Мај руската амбасада во Македонија објави поздрав во својот Твитер акаунт, во којшто цитира стара изјава на рускиот претседател Владимир Путин. Еве го полниот текст на твитот пренесен од БГНЕС:
„Му честитаме на братскиот македонски народ денот на светите браќа „Кирил и Методиј“ кој што се слави како државен празник.“

„Денеска во Русија свечен ден, Денот на словенската писменост а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја- Владимир Путин.“
Подоцна на Твитер акаунтот на амбасадата беше објавен втор твит: „Невозможно е да се прецени значењето на светите Кирил и Методиј за развојот на словенските јазици, вклучително и рускиот и македонскиот. Тешко е да се замисли многу од најголемите богатства на светската литература без писмото што го користиме благодарение на Солунските браќа.“

Објавите предизвикаа голем број реакции од благодарност кон братскиот руски народ кој секогаш е на правилната страна на историјата, до повици за признавање на независноста на црквата и иронични објави упатени до Татарите и Бугарите, кои се однесувале како поранешна љубоморна пријателка.

Каква е целта на оваа провокација според Faktor.bg?

Руската дипломатија долева масло во огнот исправајќи ја Македонија против Бугарија и тоа во таков свет ден. Во суштина се поднесува стара изјава на Владимир Путин, направена на 24 мај за време на посетата на поранешниот македонски претседател Ѓорѓи Иванов во Кремљ дека писменоста дошла во Русија од македонските земји. Тогаш таа изјава беше побиена од бугарски и светски научници вклучително и од Русија.
5 години Македонците заборавија на тие ставови на Путин, умилкувајќи и се на Софија со цел да добијат зелено светло за влез во ЕУ. Освен сѐ друго, шефот на руската дипломатија треба да биде силно вознемирен, бидејќи истата е погодена од тешка шизофренија, или пак дипломатскиот телефон помеѓу двете земји е расипан.
Во Скопје руската амбасада кажува едно, а денеска во Софија амбасадорката Еленора Митрофанова во видео обраќање вели сосема друго: „Драги пријатели, надвор од било какво сомневање е улогата на Бугарија за формирањето и ширењето на словенското писмо, јазик и култура, и истата е непроценлива и неспорна. Познатиот руски научник Дмитриј Лихачев пишува: „Бугарија им го даде на источните Словени највишиот слој на јазик, пол на духовноста, го збогати нашиот јазик, ја инспирираше неговата морална сила и способност да ги воздигнува мислите, концептите и идеите“.

Каде руските дипломати ја кажуваат вистината, во Софија или во Скопје?

Едно е јасно, нивната провокација покажува дека искривувањето на историската вистина може да се користи за политички цели, се вели во анализата на Faktor.bg.