Русија официјално соопшти дека нејзиниот амфибиски јуришен брод „Новочеркаск“ денеска бил погоден од Украина во Црното Море.

Руското Министерство за одбрана информираше дека украинскиот напад бил изведен со крстосувачки ракети, лансирани од авион.
Претходно денеска украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле брод на руската морнарица во Црното Море за кој се верува дека превезувал беспилотни летала Шахед од иранско производство, кои Русија интензивно ги користи во нападите врз Украина.

Москва, исто така, извести за едно лице убиено и две ранети во украинскиот напад врз пристанишниот град Феодосија на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година. Ова го соопшти лидерот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов.