Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков денес кажа дека вчера се предале 1.026 украински маринци, додавајќи дека меѓу нив има 162 офицери и 47 жени. Руските телевизии објавија снимка за која тврдат дека го прикажува предавањето на украинските војници на руските сили. Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник денеска изјави дека нема информации за предавање на украинската поморска бригада во Мариупол. За ова претходно информираше руското Министерство за одбрана.
– Немам информации, изјави Мотузјаник.
Тој беше прашан за коментар околу соопштението на руското Министерство за одбрана, во кое се тврдеше дека 1.026 војници од украинската 36. поморска бригада, се предале во опколениот јужен пристанишен град.