Над 30 луѓе се убиени, а стотина ранети при руски ракетен напад на железничка станица во источна Украина. Во меѓувреме денеска во Киев пристигнаа тројца високи европски функционери за да ја изразат поддршката на ЕУ за Украина во услови на неиспровоцирана инвазија на Русија.
Украинската државна железничка компанија соопшти дека две руски ракети ја погодиле станицата во Краматорск, која се користи за евакуација на цивили од областите под бомбардирање на руските сили.