Шест проектили го погодија денес украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина.
Портпаролот на регионалната управа на Одеса Сергеј Братчук претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жртви.
Локалните медиуми известуваат дека во градот се слушаат експлозии, можат да се видат ракети, како и дека е активирана противракетната одбрана на Одеса.
📽️Consequences of Russian bombing of #Odesa today. #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/tTQS2YXEfz
— MilitaryLand.net (@Militarylandnet) May 7, 2022