Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале Плоштадот на слободата во центарот на Харков.
Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а три се повредени во денешното гранатирање на Харков, пренесува Интерфакс Украина.
Службата за вонредни ситуации објави видео на кое се гледа експлозијата на централниот плоштад во Харков, каде се наоѓа зградата на Регионалната државна управа.