Русија соопшти дека им забранила влез во земјата на 963 американски државјани, меѓу кои и претседателот Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс.
Министерството за надворешни работи во соопштението нагласи дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека „непријателските дејствија” ќе продолжат да добиваат „соодветен одговор”, пренесуваат руските медиуми.
„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат”, соопшти Министерството.