Руските сили синоќа уништија складиште за муниција во воздухопловната база Миргород во централниот дел на Украина.
Според руското Министерство за одбрана, на аеродромот Миргород во областа Полтава се уништени авион МиГ-29 и хеликоптер Ми-8 на воздухопловните сили на Украина и магацин со воздушно оружје.
Руските авијациски и ракетни трупи уништија и 85 украински воени објекти, како и 425 беспилотни летала, 228 повеќецевни ракетни фрлачи и 2.031 тенк од почетокот на воената операција, рече Конашенков, пренесе ТАС С.
Руските вооружени сили употребија ракети со висока прецизност од воздух за да го уништат украинското складиште за муниција во близина на Новомосковск, истакна рускиот воен претставник.
– Минатата ноќ ракети со висока прецизност со воздушно лансирање уништија големо складиште за муниција на Вооружените сили на Украина во близина на населбата Новомосковск во областа Дњепропетровск, нагласи Конашенков.