Русија подготува намерна „провокација“ за да го оправда распоредувањето белоруски сили долж границата со Украина на потегот Пинск-Иванава-Дрогочин, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, повикувајќи се на податоци од Главната разузнавачка агенција.
Според достапните разузнавачки податоци, во моментов има околу 300 белоруски тенкови во близина на белоруско-украинската граница.
– Конвојот сè уште не ја поминал границата и се чека да се упати на рутата Пинск-Иванава-Дрогочин, на околу 30 километри од граница со Украина, се вели во извештајот.