Владата на Руската федерација ја одобри листата на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија кон Русија, нејзините компании и граѓани. На листата со речиси 50 земји се наоѓа и Македонија.
„Списокот ги вклучува САД и Канада, земјите на ЕУ, Велика Британија, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтеншатјн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван. Овие земји и територии воведоа или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот на специјалната воена операција на руските вооружени сили во Украина“, објави агенцијата.
Владата уште забележува дека според овој декрет, руските граѓани и компании, самата држава, нејзините региони и општини кои имаат обврски кон странски кредитори од листата на непријателски земји ќе може да им плаќа во рубљи. Новата привремена процедура се однесува на плаќања што надминуваат 10 милиони рубљи месечно.