Претседателот на Думата, долниот дом на рускиот парламент, ги обвини Соединетите Американски Држави дека директно ги координираат воените операции во Украина, додавајќи дека со тоа Америка „директно учествува во воените операции против Русија“, пренесува Ројтерс.
Американски функционери неодамна потврдија дека САД ѝ испраќаат разузнавачки информации на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руските напади, но негираа дека во тие податоци имало прецизни информации за конкретни руски мети.
Вјачеслав Володин, претседателот на Думата, денес на Телеграм објави: „Вашингтон во принцип ги координира и ги развива воените операции и со тоа директно учествува во воените акции против нашата земја“.