Експлозии се регистрирани во Киев, Одеса, Харков, Мариупол. Руски трупи влегуваат во Украина од повеќе правци и од Белорусија. Ракетирани се повеќе аеродроми. Украинските власти потврдија дека во тек е инвазија врз државата и дека досега собориле пет авиони и еден хеликоптер. САД, ЕУ, Обединетите нации, државите од регионот со осуда на руската агресија
Рано утрово, кусо по телевизиското обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, почна рускиот напад врз Укирана. Агресијата започна со ракетни напади врз аеродромите во повеќе градови во Украина, но и ракетни и артилериски напади врз воени бази, контролни пунктови и стратешки цели. Веднаш потоа руската копнена војска придружувана од околпни единици, тенкови и транспортери, влегоа во Украина од повеќе правци вклучувајќи и Белорусија, а според неофицијални информации и видео записи руски падобранци извршија и десант врз аеродомот во Харков.
“We introduce martial law throughout the state.”
Ukraine's President Volodymyr Zelenskiy urged citizens not to panic as Russia launched military strikes. @ZelenskyyUa added that he spoke with Biden and the U.S. is rallying international support https://t.co/g9ehkYkO55 pic.twitter.com/1tr6weZkdk
— Bloomberg Quicktake (@Quicktake) February 24, 2022
Convoy of MT-LB’s, fire control vehicle and TOS-1 flamethrower MLRS, plus other vehicles reportedly at the Senkovka-Veselovka border crossing with Belarus pic.twitter.com/MqseHsP5LQ
— ELINT News (@ELINTNews) February 24, 2022