Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26 јуни, оставајќи луѓе заробени под урнатините и предизвикувајќи пожар во деветкатна станбена зграда која беше меѓу погодените места.
Бомбардирањето на Киев дојде додека украинските одбранбени сили се бореа да се регрупираат по загубата на стратешки град од руските сили на фронтот стотици километри југоисточно, каде што се водат некои од најинтензивните борби четири месеци по целосната инвазија на Русија.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека спасувачите се упатиле на местото на настанот во една од историските северни населби на градот, каде што најмалку две згради беа погодени од нападите од руските ракети рано наутро.
Тој на социјалната платформа напиша дека се експлозии е погодена област каде што се сместени универзитети, галерии и ресторани, како и дека „има луѓе под урнатините“. Тој објасни дека неколку жртви кои се извлечени од под урнатитните се се хоспитализирани.
„Спасувачите извлекле и 7-годишно девојче, таа е жива и сега тие се обидуваат да ја спасат нејзината мајка“ изјави Кличко.
На околу 600 километри југоисточно, украинските сили вчера соопштија дека извршиле „тактичко повлекување“ од градот Северодонецк.
Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.
Bombed #Kyiv area is Lukyanivka. 10 minutes from historic center. It was a new residential block next to an old unused military production facility. Rocket left huge hole in the middle of kids playground and fires burning in the city pic.twitter.com/GSYrjHepo2
— Lesia Vasylenko (@lesiavasylenko) June 26, 2022