Русија нема да ги комбинира вакцините АстраЗенека и Спутник V. Ова доаѓа откако Етичкиот комитет на руското Министерство за здравство не одобри клинички тестирања на комбинацијата на вакцините АстраЗенека и Спутник Ве во Русија.

Генералната директорка на АстраЗенека за Русија и Евроазија Ирина Панарина рече за Ројтерс дека таа одлука не значи дека испитувањата никогаш нема да бидат одобрени ниту дека се дефинитивно забранети.

Тестирањето на вакцината против ковид-19 кое би комбинирало една доза од АстраЗенека со руската Спутник Ве врз луѓе е одобрено во Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати и Белорусија, рече Панарина.

Планот за тестирање е на учесниците прво да им се даде вакцината АстраЗенека, а потоа 29 дена подоцна – првата доза од Спутник Ве.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.