Русија врати со иста мерка, откако од Северна Македонија пред три недели протера руски дипломат. Амбасадата на Русија во Скопје преку социјалните мрежи објави дека се преземени реципрочни мерки.
-На 10 јуни, в.д. амбасадор на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“.
Оваа мерка е одговор на сосема немотивирана одлука на македонската страна за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“, која беше донесена во мај оваа година, се вели во соопштението.