Откако македонското МНР протера руски дипломат и му даде седум дена да ја напушти државата, денеска реагираше и руското МНР. Од таму велат дека на 14-ти мај бил преземен непријателски чин против допломатската мисија на Русија во Македонија и поради тоа ќе следуваат контрамерки. Воедно од руското МНР велат дека овој случај не може, а да не влијае врз односите помеѓу двете земји.
На 14 мај беше преземен непријателски чин против 🇷🇺дипломатска мисија во 🇲🇰.
Еден од дипломатите беше прогласен за „персона нон грата“.
Остро ги осудуваме ваквите немотивирани активности.
Ќе следат реципрочни мерки. https://t.co/i7iJvi8mZA— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 20, 2021
Од друга страна, пак, министерот за надворешни работи Бујар Османи се надева дека протерувањето на рускиот дипломат нема да ги наруши односите помеѓу двете земји. Вели дека немаат информација дали Москва ќе протера македонски дипломат.
–Немаме информација дека наш дипломат ќе биде протеран од Москва. Се надевам дека оваа одлука нема да влијае во влошување на односите меѓу двете држави, но се разбира дека државите ги имаат таквите инструменти да донесат такви одлуки. Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација иако се случува во момент кога ние се солидаризираме со нашите сојузници во однос на одредени однесувања на Руската Федерација. Ние сме сојузници со 29 земји членки на НАТО и сојузништвото се гради со активен придонес и солидаризирање. Овој процес на протерување е поврзан дирекно со прекршување на правилата на дипломати“, кажа министерот Бујар Османи одговарајќи на новинарско на денешната прес-конфереција.