Странските медиуми јавуваат дека и покрај примирјето прогласено од Москва, во Украина и денеска се слуша артилериски оган.
Според локален жител на Доњецк, забележани се ракети истрелани од позициите на руските сили во периферијата на градот. Руски гранати го погодија Краматорск, украински град во близина на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, при што се оштетени 14 куќи, но нема жртви.
Во меѓувреме украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги предупреди жителите на окупираните територии да не одат во црква за Божиќ, бидејќи како што таа тврди, Русија планира да изврши терористички напади во сакралните објекти.
„Има информации дека Русите подготвуваат терористички напади врз црквите во привремено окупираните области за православниот Божиќ“, вели Верешчук. Верешчук.
Украинската разузнавачка служба ги потврди нејзините зборови соопштувајќи дека добила извештаи за напади врз православни цркви во Доњецк и во други делови на окупираните територии.