Кремљ ја отфрли идејата за одобрување на странски вакцини против Ковид-19 во Русија, иако властите се обидуваат да ги охрабрат да се вакцинираат граѓаните, кои се сомневаат во руските производи.
„Ние имаме свои вакцини, имаме четири од нив, зарем тоа не обезбедува избор?“, рече Дмитриј Песков – портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој изјави дека засега не се разгледува прашањето за одобрување на употребата на странски вакцини во Русија.
Русија досега одобри четири вакцини, вклучително и Спутник В, кои Москва се обидува да ги извезе низ целиот свет.