Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Евгениј Иванов изјави дека Русија не планира да побара од странските државјани потврда за вакцинација против коронавирусот за добивање руска виза.
– При издавање визи на странски државјани, кои, според одлуката на оперативниот штаб, можат да патуваат во Русија, бараме ПЦР-тестови. Прашањето за сертификатот не се разгледува, рече Иванов.
Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека идејата за воведување ковид-пасоши во Европската унија е во спротивност со правилото за доброволна вакцинација.
Претставници на Кремљ посочуваат дека е рано да се зборува за воведување сертификати за вакцинација во Русија.
Агенцијата Блумберг објави дека ковид-пасоши може да започнат да се издаваат во ЕУ за три до четири месеци.