Десетици илјади руски војници се подготвуваат да ги нападнат градовите Криви Рих и Миколаив во јужна Украина, објави советникот на претседателот Володимир Зеленски, Олексиј Арестович. Тој рече дека руските сили бројат околу 22.000 војници, но дека ќе се соочат со „прилично голем“ контингент на украинската армија. Руските сили го бомбардираа и регионот Дњепропетровск .

Advertisements

Утринава повторно се слушнале силни експлозии во пристанишниот град во близина на Црното Море, каде има и повредени.

Соединетите Американски Држави на 1 август објавија дека ќе обезбедат нова воена помош за Украина, вклучително и артилериски ракетни системи со висока мобилност, ХИМАРС.

„Новиот пакет од 550 милиони долари ќе вклучува повеќе ХИМАРСИ„ изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата, вкупната вредност на воената помош дадена на Украина достигна на повеќе од 8 милијарди долари.

Украинските власти рекоа дека употребата на овие системи произведени од САД се од суштинско значење за одбивање на руските сили и за напади на руските линии за снабдување. HIMARS се системи со долг дострел и се попрецизни од артилеријата од советската ера која Украина ја има во својот арсенал. Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека од почетокот на руската окупација во Украина се убиени 5.327 цивили, а 7.257 се повредени.

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе