Соработникот на Навални ги повика граѓаните на Русија на 14 февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи, да запалат светилки на нивните мобилни телефони и свеќи во форма на срце, да го снимат чинот и да го споделат на социјалните мрежи.

Агенцијата Интерфакс денес објави дека Волков моментално е во странство, пренесува Ројтерс.

Од апсењето на Алексеј Навални, познат критичар на рускиот претседател Владимир Путин, десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.