Руската федерална служба за безбедност денес ги обвини украинските тајни служби дека викендов го извршиле убиството на Дарја Дугина, возрасната ќерка на Александар Дугин, национален политички теоретичар и верен поддржувач на инвазијата на претседателот Владимир Путин во Украина, објавија руските новински агенции.
29-годишна телевизиска коментаторка која, исто така, ја поддржуваше офанзивата на Москва, беше убиена во саботата кога експлодираше возилото што таа го управуваше додека се враќаше од културен фестивал на кој присуствуваше со нејзиниот татко.
Украина негира вмешаност во инцидентот./mk.voanews/