Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека почна со испитување на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ руските власти соопштија дека се подготвени до јуни да обезбедат 50 милиони дози вакцини за граѓаните на Европска Унија.
– По одобрувањето од ЕМА би можеле да обезбедина вакцини за 50 милиони Европејци до јуни 2021 година, изјави Кирил Дмитријев, директор на Рускиот директен инвестициски фонд, кој придонесе за развој на вакцината против Ковид-19.
ЕМА денеска почна експертиза на руската вакцина „Спутник V“. Испитувањето на ЕМА е пресудно за дистибуција на вакцината во ЕУ.
– Ема почна студија за „Спутник V“, која е развиена од рускиот национален центар Гамалеја за епидемилогија и микробиологија, се наведува во соопштенито на ЕМА.
ЕМА претходно беше обвинета за неуспешната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите-членки на ЕУ.
Досега во ЕУ за употреба се одобрени три вакцини: на Модерна , на „Фајзер/БиоНтек и на АстраЗенека, а на 11 март ќе одлучува дали ќе дозволи употребата на вакцината против Ковид-19 на американскиот фармацевтски производител Џонсон & Џонсон.
Унгарија и Словачка веќе одобрија примена на „Спутник V“, без одобрение од ЕМА.
Вакцината „Спутник V“ досега е регистрирана во 42 држави.