Русија неодамна претрпе сериозни загуби на воена опрема во својата најнова офанзива околу украинското село Авдиивка. Воените аналитичари сметаат дека ова значително ќе им наштети на идните офанзивни способности на Москва, пренесува Инсајдер.

Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, во проценката во четврток соопшти дека сателитски снимки потврдиле дека руската војска изгубила најмалку 109 оклопни возила и тенкови во близина на источниот регион Авдиивка во периодот од 10-20 октомври среде тешката војна на Москва со Украина.

„Тешките загуби на руска опрема околу Авдиивка веројатно ќе ги поткопаат руските офанзивни способности на долг рок“, велат истражувачите од Инстутутот во проценката.

Селото Авдиивка, северозападно од окупираниот Доњецк, трпи тешки борби на бојното поле во текот на изминатите неколку недели откако Русија започна обновена офанзива против украинските трупи.

„Руската команда испрати дополнителни сили на фронтот Авдивка за да ги надомести големите човечки загуби и да ја зачува способноста на руската војска да ги одржи тековни офанзивни напори“, соопшти Институтот.

Но, објасни тинк-тенкот, неодамнешните загуби на опрема на Русија околу Авдиивка „веројатно ќе доведат до уште поизразен недостиг на руска опрема и назадување за секој напредок што го постигна руската војска во справувањето со деградираните механизирани војни способности за маневрирање“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петок изјави дека Русија изгубила „барем една бригада“ војници во офанзивата на Москва врз Авдиивка.

„Напаѓачите направија неколку обиди да ја опколат Авдиивка, но секој пат кога нашите војници ги запираа и ги повлекуваа назад, предизвикувајќи им болни загуби. Во овие случаи, непријателот изгуби барем една бригада“, му рекол Зеленски на британскиот премиер Риши Сунак во повикот. Се вели во соопштението од неговата канцеларија, според Ројтерс.